Концерт на класична музика за деца „САМОВИЛСКА МУЗИКА„

Дома / Концерт на класична музика за деца „САМОВИЛСКА МУЗИКА„
Loading Events
02
Јули
Сабота

Концерт на класична музика за деца „САМОВИЛСКА МУЗИКА„

Локација: Факултет за ликовни уметностки - Сули ан
Цена: /

ИЗВЕДУВААТ ТРИАНГЛ ПУЛС, идеен концепт, сценарио, режија: Десанка Глигоријевиќ, учесници: Сихана Јакупи - модератор, хорна, Андреј Наунов - пијано и модератор, Јане Дунимаглоски - труба, мандолина и оперски пејач

Во своето богато портфолио групата ТРИАНГЛ предводена од Десанка Глигоријевиќ во период од 9 години (од своето постоење) има реализирано повеќе од 1300 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории.

Во декември 2020год. Групата постана правен субјект, оформувајќи се како Здружение на граѓани за музичко сценски уметности ТРИАНГЛ ПУЛС Скопје.

Групата е составена од 4 -7професионални музичари со повеќе годишно искуство во својата дејност.

Визијата на Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС е: Делување преку различни пристапи кон музичката уметност кон сите целни групи.

Мисијата на Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС  е: Доближување на  музиката до сите целни групи на различни и иновативни уметнички пристапи.

Целите на проектите кои ги изведува Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС се во функција на развој и афирмација на музичката и на музичко-сценската уметност.

 Сите детски проекти кои се реализираат претставуваат симбиоза на неколку типови на музички категории: детски музички концерт и детска музичка работилница, со што се овозможува образовен тематско-едукативен процес кај најмладата популација преку несекојдневен пристап-концерт или претстава. 

Со проектите за деца кои ги изведува групата се  врши едукација, афирмација на музичката култура во функција на запознавање и доближување на музичката култура кај најмладата популација (целна група 3-10години), и секогаш драмското дејство е во функција на одредена тематика.

Презентирањето на проектите е со стилска и жанровска разновидност, со мултимедијално претставување и користење на најсовремени технички можности на еден поинаков и ИНОВАТИВЕН, ИНТЕРАКТИВЕН пристап на презентација.

Таксативно претставени

поважни реализирани настани:

-релизиација на детска кампања преку интеактивни концерти низ цела Република, за компанија МАГРОНИ-Ладна вода (98 изведби);

- 2наменско тематски претстави за МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ (изведени 54 изведби);

-Претставување на Македонската опера и балет по повод ОТВАРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛ на театар за деца/септември 2017год. Во НУЦК Штип;

-ПОДДРШКА од Министерство за култура на проекти наменети за деца:

*Отварање на програмски активности за 2020год.на НУЦК Кичево и Прилеп под посебни протоколи за заштита од вирус;

* НУЦК Струмица во 2016год.  

* манифестација “Нов културен бран” 2018година; 

* детски интерактивен  концерт на Македонски-Албански јазик  2019;

* 2 детски интерактивни  концерти изведени по протоколи на МЗ за Ковид 19-  2020;

-Поддршка/одобрување за работа со деца во предучилишни установи од страна на МТСП;

-Свечено започнување на новогодишната програма “Winter land 2020” на град Скопје;

- 4 детски, тематски проекти  за компанијата АЛКАЛОИД;

-3 големи хуманитарни настани за Детското село СОС и децата од социјално загрозени семејства;

-КЕМЕТ Електроникс;

-2 проекти за КАПИТАЛ БАНКА 

-2 проекти за КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА;

- Проект за ВИП

- 2 проекти за БИТОЛСКА МЛЕКАРА;

- 2 проекти за Адвокатска комора на Македонија;

-40 години јибилејна прослава на Национална установа центар за култура-Кичево;

-континуирана соработка со сите градинки на цела територија на РМ;

-целосно осмислување на 60 годишен јубилеј на Градинката во Куманово;

-целосно осмислување на 70 годишен јубилеј на градинката Раде Јовчевски Корчагин;

-целосно осмислување на 40 годишен јубилеј на градинката Буба Мара;

-целосно осмислување на 45 годишен јубилеј на градинката Распеана Младост;

- целосно осмислување на 40 годишен јубилеј на градинката 8 Март;

-500 години КУМАНОВО (детски проект со 420деца учесници)

- КОНТИНУИРАНА СОРАБОТКА во период од 5години во сите детски катчиња на сите молови во Скопје;

-2019год. МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ – проект за финансиска писменост;

-3 детски кампањи со изведени 143 интерактивни претстави наменети за Скопје Сити мол;

-целосно осмислување на 75годишен јубилеј на градинката “Орце Николов” (во исчекување на негова реализација);

-целосно осмислување на 40годишен јубилеј на градинката “Росица” (во исчекување на негова реализација);

-целосно осмислување на 60годишен јубилеј на градинката Гевгелија (во исчекување на негова реализација);

-целосно осмислување на 70годишен јубилеј на градинката “13Ноември”(во исчекување на негова реализација);