Концерт “Скопје во три бои”

Дома / Концерт “Скопје во три бои”
Loading Events
06
Јули
Понеделник

Концерт “Скопје во три бои”

Локација: Сули ан
Цена: 100 денари

Согласно Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, донесен на 73-тата седница на Владата на Република Северна Македонија и Протоколот бр.33 за начинот и условите за организација на настани, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, го најавува
Официјалниот почеток на 41-вото издание на фестивалот

„Скопско лето“,
со концертот„СКОПЈЕ ВО ТРИ БОИ“
со учество на - Душко Георгиевски - вокален изведувач и флејта, Ратко Даутовски – ударни инструменти, Емил Адамски – кавал и акустичен бас, Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет и Благоја Алачки – гитара
Програма:ОсмицаБегало бегалоИграле играле девојчиња (македонски изворни/Б.Арифовска)Еден живот е (О.Лазаров/Б.Нечоски)Uskudara gider ikenVardar ovasi (турски народни/Б.Арифовска)Ајде сонце зајде (македонска народна/Б.Арифовска)Yeni yol (макeдонско чалгиско/Б.Арифовска)Буковско оро (Т.Огненовски)Phiravel man khali phuvMe suneste aljan (ромски народни/Б.Арифовска)-------------------------------------Убавината е во различностите на културата и традициите и нивното прифаќање, како спој во едно мултиетничко живеење. Тоа е најсилната врска која може да ги спои граѓаните, а музиката е тука, да ја одигра големата улога, да допре до срцето, да го потсети на својата припадност, да ја доживее уште еднаш, да ја зачува како вредност, за да продолжи да живее. Музичката приказна, во „Скопје во три бои“ ја сплотува Македонската, Ромската и Турската популација, кои се среќаваат на ова тло и на ова музичко парче, како убав спој на три музички култури во едно. Со гордост, да ги разбие стереотипите за некаква поделеност и да покаже дека преку духовност, музика и уметност, се може да се случува на едно место, на ова заедничко парче земја. Кога се мисли на мултиетничката заедница, во прв план се мисли на начинот на кој говорат тие, што носат во себе секој од својата прататковина, како културно и духовно наследство, начин на којшто живеат и како придонесуваат во градот или општеството во кое егзистираат. Народниот уметник Македонец, ја пее песната на неговиот пријател Ром, Ромот, пак, соживеан со Македонецот го игра неговото право оро, пее и говори на македонски.Турскиот музички мелос, пак, го има и се слуша со вистинско уживање. Така се создаваат овие три бои, со кои се обојува оваа убава слика на еден соживот, културна размена и социјализација, како вредности кои треба да се негуваат. Затоа, на овој начин, преку интересен спој на уметници, ќе се понуди вистинско уживање составено од трите култури, за да даде печат на заедничкото живеење со музиката, убав спој на професионални автори, музичари изведувачи и вокални интерпретатори, кои креирале нови и квалитетни музички форми.
М. Георгиевска
Б.Арифовска------------------------
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски,
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во
гледалиштето,
- дезинфекција,
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот,
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.