Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска – “Ladies and Gentlemen”

Дома / Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска – “Ladies and Gentlemen”
Loading Events
07
Јули
Вторник

Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска – “Ladies and Gentlemen”

Локација: Сули Ан
Цена: 100 денари

ПРОГРАМА

Пламенка Трајковска - ФениксПламенка Трајковска - Бас БахПламенка Трајковска - ДалгиПламенка Трајковска - ЗимаЖак Ривоу - My way (кавер)Пламенка Трајковска - Елено ќерко (македонска традиционална песна)Aрн Глимчер - Beautiful Maria of my soul (кавер)Роберт Крафт - Quizas Quizas Quizas (кавер)Пламенка Трајковска - Жена-Пламенка Трајковска - Слушам кај шумат шумите (македонска традиционална песна)Пламенка Трајковска - Малите лебедиПламенка Трајковска - Билет за ЛондонПламенка Трајковска - Ој девојче (македонска традиционална песна)
– Пламенка Трајковска квинтет: Пламенка Трајковска – виолина, Наташа Диденко – виолина, Магдалена Попоска - виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола,Трио Џентлмен: Дејан Стоев – тенор, Јане Дунимаглоски - тенор, Кристијан Антовски – баритон****На јубилејниот концерт ќе се претстави Пламенка Трајковска со својот музички опус и на него ќе настапат и нејзините долгогодишни колешки како гудачки квинтет и „Трио Џентлмен“.
На програмата се вкрстуваат авторски композиции во специфичниот израз на Пламенка Трајковска, романтични теми, македонски и теми од класичната музика. Атрактивноста на концертот произлегува од специјалните технички и мултимедијални елементи автентични за Пламенка Трајковска.
Пламенка Трајковска е наша еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија, како и на музичката организација „Пламенка Трајковска - мали камерни состави“.Пламенка Трајковска е автор на албумот „Апасионато“, единствениот македонски музички албум со вкрстување на класичната и модерна музика, потоа на сингловите „Светулки„ - создадени во поп романтичен стил, а креатор е и на неофицијалниот музички албум „Црвената виолина“ со интерпретации на латино теми. За најмладите – за идните вљубеници во класичната музика, Трајковска минатата година го издаде музичкиот албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс, адаптиран за виолина и пијано.Развојот на камерната музика и доближувањето на класичната музика до најшироката публика се повод и причина за реализација на бројни музички проекти, меѓу кои се оркестарот „Ода на радоста“ составот „Келтикум“,Танго трио„ и бројните мултимедијални проекти „Музика и филм“, „Музика и цртан филм“, „Белата виолина“ и многу други. Проектот „Класика за деца“ на Пламенка Трајковска има за цел на најмладите да им овозможи присуство на концерт на класична музика.Во својата долгогодишна работа Трајковска гради и негува особен, богат, препознатлив музички израз, постојано проширувајќи ја жанровската и естетската рамка на своите оригинални, мултимедијални музички програми, во нaстојување да ја доближи класичната музика на широк повеќе-генерцијски аудиториум.Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија и на најзначајните културни манифестации „Скопско лето“, „Бит фест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“, и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција и Танзанија.ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски,
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во
гледалиштето,
- дезинфекција,
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот,
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.