“ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ I” – монодрама

Дома / “ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ I” – монодрама
Loading Events
10
Јули
Петок

“ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ I” – монодрама

Локација: Факултет за ликовни уметност - Сули Ан
Цена: 100 денари

актер: Бобан Алексоски
режија: Ѓорѓи Ризески
автор: Николај Гогољ
продукција: Театар “Златен Елец”
50мин. / 16+ год. / македонски
21ва изведба

Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее.
Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината?
Дали?!
Дали вие сакате да ја чуете вистината?
Дали?
„Дневникот на лудиот“ e провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент - трката во која живееме.
Претставата во октомври 2017 година добива две награди на Balkan Theater Tirana Festival:
*Награда за НАЈДОБРА РЕЖИЈА на фестивалот за Ѓорѓи Ризески
*Награда за НАЈДОБАР АКТЕР на фестивалот за Бобан Алексоски
Претставата во април 2019 година
добива една награда на Интернационалниот театарски фестивал ЛИЦА БЕЗ МАСКИ:
*Награда за НАЈДОБАР АКТЕР на фестивалот за Бобан Алексоски

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 20:30 часот

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.