Концерт „МОЦАРТ И КЛАРИНЕТОТ”

Дома / Концерт „МОЦАРТ И КЛАРИНЕТОТ”
Loading Events
24
Јуни
Четврток

Концерт „МОЦАРТ И КЛАРИНЕТОТ”

Локација: Музеј на македонската борба
Цена: 200 денари

Бранко Павловски - кларинет co ансамблoт нa „ПОЛИФОНИЈА”Јулија Хагер – пијано, Германија,Сања Шуплевска – виолина, Станислава Алаѓозовски – виолина, Србија, Сашка Стојановиќ – Крстиќ – виола, Србија, Кирил Калмиков – виолончело, Канада

БРАНКО ПАВЛОВСКИ е македонски кларинетист со богата интернационална кариера и  реноме. Во моментов тој е редовен професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија. Павловски докторирал на Факултетот за музичка уметност на Државниот универзитет на Луизијана во Батон Руж, САД, во класата на Роберт Дилутис, каде работел како асистент по кларинет сѐ до 2011 година. Претходно во својата педагошка дејност работел како наставник по кларинет во ДМБУЦ „И. Николовски – Луј“, Скопје. 

Павловски прв пат се запознава со кларинетот како инструмент и првите чекори во музичката уметност ги прави со помош на проф. Љупчо Тренчевски. Средно музичко образование завршил во ДМБУЦ „И. Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломирал и магистрирал на УКИМ Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Иван Кочаров. Се усовршувал на постдипломски студии на Државната музичка академија во Софија во класата на Петко Радев, на Академијата за музички уметности во Прага во класата на Штјепан Коутњик, Националниот Конзерваториум во Версај во класата на Филип Купер, Националниот Конзерваториум во Авре - Париз во класата на Доминик Видал. Во текот на своето образование Павловски својот музички профил го надоградува учествувајќи на семинари и мајсторски класови кај еминентни кларинетисти како: В. Блејни, Г. Данген, Д. Прескот, А. Хакер, Д. Кембел, М. Увајт, Ј. Пајц, В. Сејфарт, К. Лајстер, Р. Мекдауел, Л. Лудевиг–Вердер, Ч. Буроу, В. Мареш. 

Како солист и камерен музичар Павловски настапувал во САД, Франција, Англија, Германија, Чешка, Полска, Унгарија, Италија, Бугарија, Грција, Хрватска, Србија и Македонија. Тој работел во Воениот Оркестар на АРМ, Батон Руж Симфонискиот Оркестар, а  исто така соработувал со Акадиана Симфонискиот Оркестар, Опера Луизиана, Прага Моцарт Оркестарот, Ансамблот за Современа Музика на Националнот Конзерваториумот во Версај, Македонската Филхармонија, ФЕИМС Оркестарот, Скопски Солисти, ЛСУ Симфонискиот Оркестар, ЛСУ Дувачкиот Ансамбл и др. Настапувал на повеќе фестивали во земјата и странство како што се: ЛСУ Фестивалот за современа музика во Батон Руж, MusiPoeSci во Париз, Интернационалниот музички фестивал во Дартингтон, Интервокс, Охридско лето, Скопско лето, Златна лира, МодоАрс, Есенски музички свечености, Денови на македонската музика, Штипско лето, Манифестацијата по повод денот на словенските просветители „Кирил и Методиј“ во Рим, потоа преку програмите на КИЦ, Музичка Младина на Македонија, и др. Тој бил член на повеќе камерни состави: Скопскиот дувачки квинтет, дувачките квинтети „Арт“ и „Нова“, Трио Академико, ЛСУ Кларинет Квинтетот, ЛСУ Камерениот Ансамбл, Академското дувачко трио и др. Како промотор на современата музика Павловски премиерно има изведено повеќе нови дела за кларинет. 

Павловски е добитник на наградата Златна Лира за врвни уметнички достигнувања, Музичката награда на Луизијана, наградата „26 јули“ од Франк Манинг од Лондон за најдобар студент на Факултетот за музичка уметност во текот на учебната 1997/98 година, и пофалница по повод 50-годишниот јубилеј на УКИМ како признание за постигнат најдобар успех за време на студиите, како и наградата „8 Октомври“ за постигнати значајни резултати  од областа на културата и музичката уметност. Исто така, Павловски е лауреат на повеќе државни и меѓународни натпревари по музика и има добиено повеќе награди и признанија меѓу кои се издвојуваат: четири први награди на државните натпревари во Македонија, втора и трета награда на сојузните натпревари во поранешна Југославија, прва награда на МТНА натреварот по камерна музика во Хемонд, САД. 

       САЊА ШУПЛЕВСКА БОРИАЛ има едукативно и работно искуство во три држави кои меѓусебно се разликуваат во своите вредности, култура, историја и естетика. Соработувајки со уметници од сите делови на светот кои со себе носат различна  едукативна и интерпретациска филозофија, Сања стекнува рафинирани знаења за интерпретација на класичната музика, создавање на успешни мултимедијални и мултикултурни проекти, како и составување на програми и проекти според маркетингшки стратегии кои привлекуваат неколку видови на публика. 

           ГУРМК ПОЛИФОНИЈА, е организација која функционира и делува во сферите на културните и уметничките случувања од 2003 година до денес, заземајки значајна улога во остварување на повеќе видови проекти реализирани и поддржани од Министерството за култура на РСМ. Организира проекти  надвор од границите, во соработка со меѓународни институции и се јавува како ко-организатор на повеќе културни манифестации во државата и надвор.  

           Главните полиња на работа се: менаџирање, поттикнување и афирмација на македонски уметници; концертни активности, преку платформа за соодветно музичко изразување и претставување; музичка архива - овозможува пристап до дела и програми на класичната музика кои не се достапни или познати во Скопје; организирање на континуирани едукативни работилници во областите на музичкото, драмското и балетското изучување, современа музичка интерпретација, модерен балет, наменски драмски претстави и дејност; ко-продукција со Канадскиот музички центар во Скопје во соработка со Канадската Амбасада во Белград.  

            Меѓу главните дејности на Полифонија се менаџирањето на сопствените солисти и ансамбли (Skopje Ladies, IN MEDIAS RES,  ансамбли создадени од ЗГУРМК Полифонија). Солистите и ансамблите на Полифонија земаат учество во проекти на меѓународни и домашни манифестации, а соработуваат со државни институции во Македонија, Европа и Канада. Полифонија е организатор на меѓународни и проекти во Република Македонија со гости-уметници од странство кои учествуваат на домашни настани и обезбедуваат претставување на домашни уметници и автори во странство. Поради овој вид на стратегија при соработка, Полифонија има обезбедено бројни концерти во Европа каде се претставени современи дела од македонски автори и солисти.

Програма: 

В. А. Моцарт  - КЛАРИНЕТ КВИНТЕТ за кларинет и гудачки кавртет,  К. 581

- Allegro 

- Larghetto

- Menuetto, Trio I, Trio II

-Allegretto con variazioni

В. А. Моцарт - “Kegelstatt Trio” за кларинет, виола и пијано,  К. 498

-Andante

-Menuetto

-Rondeaux: Allegretto

Солисти: 

Кларинет - Бранко Павловски 

Пиано - Јулија Хагер, Германија

Виолина 1 - Сања Шуплевска 

Виолиниа 2 – Станислава Алаѓозовски, Србија

Виола – Сашка Стојанов-Крстиќ, СрбијаВиолончело - Кирил Калмиков, Канада