Концерт на дуо „ХАГЕР – КАЛМИКОВ“

Дома / Концерт на дуо „ХАГЕР – КАЛМИКОВ“
Loading Events
24
Јуни
Четврток

Концерт на дуо „ХАГЕР – КАЛМИКОВ“

Локација: Музеј на македонската борба
Цена: 200 денари

Јулија Хагер - пијано, Германија, Кирил Калмиков -  виолончело, Канада
- Во соработка со уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА

Дуото Хагер-Калмиков  е формирано во Канада во 2005 година од пијанистката Јулија Хагер и виолончелистот Кирил Калмиков. Г-ѓа Хагер и г. Калмиков уживаат концертни кариери, посветени на креативност, конципирање на интересни концертни програми, честопати инспирирани од нивната страст кон патување и доживување на светот преку музика. Од своето основање до сега дуото настапувало со многу светски познати музичари вклучувајќи ги Колин Кар, Хенк Гитарт, Менахем Преслер и Jан-Пол Севилја, а  учествувало во резиденции и проекти за камерна музика на Центарот за уметност и креативност „Банф“, Канада. Како  добитник на повеќе грантови , за дуото Хагер-Калмиков се напишани и композиции како Сонатата од еминентниот  канадски композитор Питер Јанчевич во 2015 година која дуото ја презентираше на бројни настапи низ Канада и САД. Г-ѓата Хагер и г. Калмиков редовно настапуваат во Северна Америка и Европа, а сезоната 2019-2020 вклучува  настапи во Португалија, Германија, Полска и Русија.  По долги години работа како професори и управители на програмата за посебно талентирани студенти по музика при познатиот  Универзитет „Mount Royal“ во 2018 година г-ѓа Хагер и г-дин Калмиков се преселиле во Лисабон, Португалија, продолжувајќи ја нивната работа на меѓународно ниво како изведувачи и професори, а од неодамна, тие се со седиште во Витлеем каде предаваат на Националниот музички конзерваториум Едвард Саид.