Концерт “РУСКИ РОМАНСИ”

Дома / Концерт “РУСКИ РОМАНСИ”
Loading Events
14
Јули
Вторник

Концерт “РУСКИ РОМАНСИ”

Локација: Музеј на македонската борба - Скопје
Цена: 100

Концерт "РУСКИ РОМАНСИ" со учесници на меѓународниот натпревар „Романсиjада„ во Софија и Москва


ПРОГРАМА

П. Чајковски, текст J. Гете – „Нет, только тот кто знал“ („Не, само тој што знаеше“) - Мариана Бошковска

Е.Тарновска, текст А. Плесшчејев – Я помню всё („Јас се памтам„) – Хелена Суша

А. Рубинштејн, текст А.Пушкин – „Ночь“ („Ноќ“) - Сара Јанева

В. Абаза, текст Н. Северски - „Всё - Вы!” („Само Вие“) - Билјана Камчева

В. Калистратов, текст Л. Озеров – „Валь“ („Валцер„) - Македонка Петреска

М.Шишкин, текст Н.Дервиз – „Всегда и везде за тобою“ („Секогаш и насекаде со тебе„) – Исмет Вејсели

А.Полетајев, текст Н.Зиновјев - „Встреча“ („Средба„) – Елена Васова

Ѓ. Свиридов, текст С.Есенин - „Отвори мне, страж заоблачный“ („Отвори ми, небесен чувару„) од циклусот “Отчалившая Русь”(„Отпловена Русија“) - Илија Белистојаноски

И. Шабордина, текст Ј. Друнина – „За то, что ты есть“ („За тоа што ти постоиш“) - Билјана Камчева

В. Молчанов, текст К. Симонов - „Жди меня“ („Чекај ме“) – Мариана Бошковска

И. Шварц, текст Б. Окуджава - „Красотки томный взор“ („Страствен поглед на убавица„) - Исмет Вејсели

Д. Шишкин, текст од непознат автор – „Живёт моя отрада“ („Мојата мила живее во висока куќа“) - Илија Белистојаноски

***

Мариана Бошковска – проф. М-р Марија Муратовска – Наумовска

Сара Јанева, Елена Васова - проф. М-р Славица Петровска - Галиќ

Исмет Вејсели, Хелена Суша – проф. М-р Ана Дурловски

Македонка Петреска – наставник М-р Александра Коцевска

Билјана Камчева (сопран),

Илија Белистојаноски (тенор)

Водител и музички соработник на концертот М-р Елена Сиљаноска

***

Примарната цел на концертoт е да ги претставиме и да ги доближиме на нашата публика оние не толку познати, но сепак одлични автори од жанрот на руската романса, како и светски познатите дела на руски композитори. Целта е изведбата на делата да биде колку што е можно поблиска и поавтентично да се пренесе „рускиот стил“ од страна на нашите пејачи. Концертот ќе има и музиколошкиот дел – едукација на публика за биографии на композитори и поети, истории на создавање на романсите, епоха, стилски особини и сл. Руските романси се од композитори - класици: Чајковски, Рахмањинов, Черепнин, Слонов и др. Како и салонските романси од 19 – почеток на 20 век: Зубов, Булахов, Шереметјев, непознати автори и др, но и композитори од 20 век: Бабаџањан, Шварц, Шабордина и др.

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.