Оперска претстава – „ДОН ЏОВАНИ“ – В.А.Моцарт, на „ОПЕРА ПАНОНИКА“

Дома / Оперска претстава – „ДОН ЏОВАНИ“ – В.А.Моцарт, на „ОПЕРА ПАНОНИКА“
Loading Events
25
Јуни
Петок

Оперска претстава – „ДОН ЏОВАНИ“ – В.А.Моцарт, на „ОПЕРА ПАНОНИКА“

Локација: Факултет за ликовни уметности – Сули ан
Цена: 200 денари

Оперски ансамбл од Осјек – Хрватска, Диригент и продуцент: Берислав Јерковиќ – Хрватска, солисти: Маријо Крниќ, Блаж Галојлиќ, Ања ПапаЉубомир Поповиќ, Ива Херман, Катарина Шариќ, пијано придружба: Анте Блажевиќ, костимографија/сценографија: Анамарија Шербетар

ОПЕРА ПАНОНИКА – оперскиот ансамбл од Осиек е основан во 2010 година. Ансамблот се состои од музички уметници од Осиек, професори по музика како и многубројни гости од земјата и од странство (Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Јужна Африка, САД, Германија, Италија, Израел, Швајцарија, Канада,...) Покрај целосни сценски оперски изведби, ансамблот изведува и концертни перформанси на опери и оперски дела. Исто така, изведува и други видови на вокална литература (кантати, ораториуми, соло песни,...) Од најзначајните оперски наслови вреди да се спомнат изведбите на операта „Дидо и Енеа“ (Персел), „Никола Шубиќ Зрински“ (Зајц), „Џани Скики“ (Пучини), „Боеми“ (Пучини), оперетата „Лилјакот“ (Штраус Помладиот), потоа „Така прават сите“ (Моцарт), „Љубовен напиток“ (Доницети), „Свадбата на Фигаро“ (Моцарт) како и бројни концертни изведби. Ансамблот соработува со домашни и странски гости, како и со следните институции: Академија за уметности во Нови Сад, Факултет за музички и визуелни уметности во Печ, Музичка Академија Љубљана, „Westminster Choir College“, Принстон (САД), со диригентите Симон Петер Дешпаљ, Балаш Кочар, Андреј Бурсаќ, како и со многу вокални солисти. До сега, ансамблот ОПЕРА ПАНОНИКА има гостувано во Печ, Сараево, Белград, Скопје, Битола, Сплит, Хвар, Котор, Грожњан, Умаг, Ѓаково, Валпово, има настапувано во музичкиот центар Гарнериус (Белград), на фестивалите Хварско лето, Осиечко културно лето, Сараевска зима, Скопско лето, БитФест, концертна сезона во Котор, Печ – европски град на културата, Лето Валповачко, Штипско културно лето, во рамки на програмата Музичка младина на Хрватска,... Режисери на наведените претстави се Роберт Рапоња, Иван Лео Лемо и Берислав Јерковиќ. Во полн состав ансамблот брои 15 вокални солисти, 20 члена во хор, и 30 члена на оркестарот коишто заедно составуваат оперски ансамбл, кој во текот на само неколку години дејствување веќе влезе во мапата на културните настани, претставувајќи ги својот  уметнички квалитет и потенцијал, не само на домашната, туку и на странската публика. Уметнички директор на ансамблот е проф. д-р Берислав Јерковиќ.

Дон Џовани – Берислав Јерковиќ
Лепорело – Блаж Галојлиќ
Дона Ана – Ања Папа
Дон Отавио – Љубомир Поповиќ
Дона Елвира – Ива Херман
Церлина – Катарина Шариќ
Мазето – Маријо Крниќ

Комендаторе – Маријо Крниќ

Костимографија/Сценографија – Анамарија Шербетар

Пијано придружба – Анте Блажевиќ