Концерт „ТУРКУАЗ” на ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ – канон

Дома / Концерт „ТУРКУАЗ” на ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ – канон
Loading Events
26
Јуни
Сабота

Концерт „ТУРКУАЗ” на ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ – канон

Локација: Куршумли ан
Цена: 200 денари

Зоран Павловски – контрабас, Петар Христов – кларинет, саксофон, Танжу Селим – виолина, Бирол Рамадан – деф, ХусаметинБајрам – тарабука

Џенгиз Ибрахим е роден во Скопје. По дипломирањето на Факултетот за музичка уметност се стекнува со титулата Дипломиран музичар, теоретичар, педагог. Магистрира на Институтот за фолклористика „Марко Цепенков“ на стари турски музички инструменти (баглама во Македонија) и се стекнува со титулата Магистер на фолклористички науки.

Ги свири речиси сите источни инструменти. Главни инструменти му се канон, уд и саз.  Работел како музички уредник и водител на музички емисии во МРТ - турска редакција. Соработува и е член на „Музичарите без граници“ од Холандија. Соработува со музичари и групи како што се Влатко Стефановски, рок групата Мизар, Анастасија и други. Со нив учествувал на многу музички фестивали во нашата земја и во странство.

Творештвото на Џенгиз Ибрахим се состои од тоа што ги презентира своите композиции како бравурозни, што претставува извонредно богата фузија на ренесансата, барокот и современата музика. Џенгиз го реинкарнира румелискиот мелос и  знае успешно да води  дијалог со музичарите на сцена, односно да води музички разговор меѓу културите во светот. 

Има компонирано музика за театарски претстави како што се „Женички“,  „Баханалии“, „Црн Мoлив“, „Ќелавиот Мехмет“, „Шехерезад и Шехријар – приказни од 1001 ноќ“, кабаре – „Оркестар“ со албанскиот театар, „Ах љубов моја“ (Театар „Комедија“) и има компонирано музика за легендарната престава „Солунски Патрдии“ за Драмскиот театар - Скопје во режија на Коле Ангеловски.

Концерти 

  • „Битфест“  2015г. -  Битола
  • „Звуци на чаршијата“ 2011г. - Скопје
  • „PEACE UNLIMITED FESTIVAL“ 2005г. 
  • „LOKUMFEST“ 2007г. -  Битола
  • Етно фестивал 2012г. - Битола
  • Фестивал на „World Music“ 2010г. -  Битола 
  • Учество на Новогодишен концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ 201г.
  • „ЛОКУМФЕСТ“ 2011г. -  Битола
  • „Д Фестивал“ 2018г. -  Дојран 
  • самостоен концерт на мала сцена во  Националната опера и балет

Рецитали:

  • музички рецитал на какун и саз 

Културно Информативен Центар -КИЦ: ЛИТЕРАТУРНА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ИЛХАМИ ЕМИН- 2011

  • Рецитал -  канун и виолина 2015

Во заедничка соработка со Институтот Јунус Емре  Скопје и Академски Истражувачки Центар од Анкара (АДАМ), во рамките на прославата по повод 100 години од големата победа на битката во Чанаккале

Традиционално Турско кафе , Рецитал КАНУН 2015 TCC Grand Plaza Skopje

Џенгиз Ибрахим исто така е автор и изведувач на музиката за балетската претстава „Врати“  во продукција на Македонската опера и балет. Има издадено  4 музички албуми: Џенгиз Ибрахим, канун перформанс, Хи-Џаз 1, Хи- Џаз 2 и  Туркуаз.

Идните студии на Џенгиз Ибрахим ќе бидат насочени кон истражувањата за канонот. На тој начин има за цел да ги промовира музичките вредности на Турците од Румелија. Работејќи на театарската и филмската музика, сѐ повеќе ја внесува моќта на канунот .

Со големо уметничко творење успешно врши синтеза на традиционалнот и современиот звук..

Џенгиз Ибрахим, за оние коишто подобро го познаваат и коишто имале можност да музицираат со него ќе ви дополнат дека е виртуоз на рајскиот инструмент – канун и саз и дека е народски филозоф и музикотерапевт во развој.

~

Премиерна изведба на уникатен музички материјал којшто датира уште пред Втората светска војна . По повод 30-годишнината славење на творечка уметничка кариера, ќе се промовира проектот „ТУРКУАЗ“. 

Целта на концертот „ТУРКУАЗ“ е да се одрази духовната музичка ризница која е напишана пред околу 150 години. Премиерно ќе биде изведена во нашата република. Рајскиот музички инструмент канон ќе биде промовиран во најквалитетна форма со многу вредни маками и ритмички расплети. 

Ќе се промовира чалгиската  музика од  19-тиот век со синтеза на современи звуци и авангардна форма.  Општите цели на оваа програма се поттикнување и афирмирање на културните различности на  сите етнички зедници  кои живееле и живеат во СРМ,  а од друга страна  зачувување и афирмирање на нематеријалното, духовното и културното наследство. 

Музичкиот материјал ќе се промовира на помладата популација со цел да се запознаат со музичките вредности. Во процесот на реализација на „ТУРКУАЗ“ ќе се ангажираат  млади уметници од кои ќе се очекува да ги отсвират старите форми, да користат разни маками (тонски скали) и на посебен начин да користат орнаменти во музиката.