Концерт “TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ” на ЗЏМ колектив

Дома / Концерт “TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ” на ЗЏМ колектив
Loading Events
13
Јули
Понеделник

Концерт “TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ” на ЗЏМ колектив

Локација: Факултет за ликовни уметности - Сули ан
Цена: 100 денари
  • Во соработка со „Здружението на џез музичари и слободни уметници“

ЗЏМ КОЛЕКТИВ: Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов - алт саксофон,  Сашко Николовски -  тромбон,  Зоран Костадиновски – гитара,  Гордан Спасовски – клавијатури,  Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани.

На овој концерт премиерно ќе бидат изведени нови, оргинални композиции на членовите на ЗЏМ и концертот ќе претставува вистинско освежување на македонската џез сцена, поради квалитетот на композициите, како и на инструменталистите од највисок калибар кои ќе ги изведуваат истите. Како што е веќе познато на пошироката јавност, по многуте квалитетни концерти одржани во нашата држава и во странство во формација на биг бенд (ЗЏМ БИГ БЕНД) во изминативе години, ЗЏМ КОЛЕКТИВОТ на Скопско лето ќе настапи во комбиниран состав и на публиката ќе и приреди вистинско уживање.

 Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e основано во април 2016 година, со единствена цел да ги обедини џез музичарите од Македонија, и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање и негување на џез културата во Македонија.

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.