Промоција на книгата “ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ”

Дома / Промоција на книгата “ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ”
Loading Events
16
Јули
Четврток

Промоција на книгата “ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ”

Локација: Музеј на македонската борба
Цена:

Со своите песни за себе испишаа незаборав, а на повиканите од сферата на Фолклористиката, односно Етномузикиологијата останува нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози.
Голем е бројот на песнопојци и песнопојки и инструменталисти кои што зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство, со кои што за на век го легитимираа македонскиот фолклорен израз. Го опеаа секојдневието на нашиот народ со најразновидни мелопоетски содржини низ историско социјалните премрежија со кои што низ векови се соочувал Македонецот, опеаа и трајно во своите песни значајни настани и личности од нашата исто рија, со еден збор, тие и нивните песни се значајна алка во севкупната наша културна историја.
Ценејќи го значењето на ваквиот нивен придонес, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со посебна почит го поддржа предлогот на авторите: Етно музикологот и повеќе годишен Уередник на Редакцијата за Народна музука на Македонското радио Кирил Тодевски и Уредникот во Музичката програма на Македонското радио Марија Велковска, за издавање на Монографскиот труд “ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ“ посветена на 24 починати песнопојци чии што песни и изведби имаат трајни вредности: Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Мирвет Беловска, Благој Петров-Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафироски-Зафиро, Вања Лазарова-Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова-Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадиновска, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов.

Промотор: Истакнатиот публицист и автор на современи поетски стихови на антологиски фолк напеви Ѓорѓи Барбаровски.

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција