Фото изложба „ПРОВОКАТИВНИ ЛИЦА”, автор на театарските маски – ФИЛИП ЦВЕТКОВИЌ – Србија

Дома / Фото изложба „ПРОВОКАТИВНИ ЛИЦА”, автор на театарските маски – ФИЛИП ЦВЕТКОВИЌ – Србија
Loading Events
28
Јуни
Понеделник

Фото изложба „ПРОВОКАТИВНИ ЛИЦА”, автор на театарските маски – ФИЛИП ЦВЕТКОВИЌ – Србија

Локација: Изложбен салон на Културно информативен центар
Цена: /

Филип Цветковиќ е роден во 1995г. во Ниш. Има завршено основно и средно образование во родниот град. 

Дипломира во 2017г. на Високата школа за текстил и дизајн во Лесковац, на отсекот за модерен костим.

Го стекнува своето академско образование на Високата школа за академски студии „Доситеј“ во Белград, на отсекот за општа економија и се стекнува со титулата Дипломиран економист.

Понатамошното академско образование го започнува во 2018г. на магистерски студии на Факултетот за менаџмент на Универзитетот „Унион-Никола Тесла“ во Белград на отсекот за стратегиски менаџмент. 

По завршувањето на магистерските студии во 2019г. го продолжува своето образование со докторски студии на Факултетот за менаџмент на Универзитетот „Унион-Никола Тесла“ во Белград на отсекот за индустриски менаџмент.

Област на интерес: меѓународна соработка, европска интеграција, култура и современо творење. 

Своето прво работно искуство го стекнува во 2012г. во театарот „Позоришту лутака“ во Ниш и во Народниот театар во Ниш. 

Паралелно со работните ангажмани во областа на културата и театарот, професионално се ангажира во локалната администрација Градска општина Палилула на Градот Ниш во Канцеларијата за млади.

Како истакната млада личност со претпознатливи квалитети ангажиран е на Факултетот на применети науки во Ниш како соработник во настава вон работен однос, кадешто го продолжува своето работно искуство во науката и истражувањето во полето на менаџмент. 

Го има завршено семинарот „Симулација на работата на Народниот парламент“ во организацијата Народно Собрание на Република Србија.

Има учествувано на голем број научни конференции, форуми за млади, научни собири и трибини. 

Член е на дипломатското Друштво на пријатели на Алжир и Друштво на пријатели на Малезија. 

Зборува англиски јазик.

~

Инспирацијата, која е неопходен и најпосакуван лајтмотив на создавањето, ќе ја усоврши, дотера и дополни нашата почетна идеја на визуелниот изглед на актерите и нивните маски и костими.

Традиционално обележје на секој актер е маската. Како таква таа има дирекно учество во самите ритуални обреди, кои имаат за цел повикување на дождот, оздравување на одреден член на фамилијата. Племињата со своите ритуални танци ги молати вишите сили за добар улов, за благослов, за напредок. Секоја ритуална точка се изведува под маски и секоја од нив има одредено значење, но, една од нив е најважна – танцот на животот и смртта, кој е секојдневно застапен во денешниот живот.

Не е тешко да се направи маска за одреден лик. Токму напротив. Лесно е. Секоја линија, секоја точка, бојата на лицето, треба да има свое значење и вкупниот изглед мора да има приказна, приказна зад која се крие личната порака на авторот. Така и јас ја најдов својата инспирација во елементите на претставите кои ги обработувам, како во секојдневните настани, која отворено и јасно потврдува дека борбата во животот е постојана.

Автор на маските: Филип Цветковиќ

Автор на фотографиите: Никола Миосављевиќ

Маските се изработенит за потребите на претстава на Народниот театар во Ниш