Музичко-драмски концерт „ПИСМОТО ОД КРАЛОТ“

Музичко-драмски концерт „ПИСМОТО ОД КРАЛОТ“
Иновативен музичко-драмски концерт за деца „Писмото на кралот” кој е во својство на едукацијата на најмалите, опфаќајќи актуелни теми (екологија, бон-тон, јавно здравје итн.), испреплетени низ музика изведена во живо.
Цел: Будење на свеста за важноста на чување на нашиот град Скопје, преку едукација на најмладата популација на креативен и иновативен пристап.
Целна група: деца од 4 – 10 години
Време траење на концертот: 45 мин.
Локација на изведба: Факултет за ликовна уметност - Сули ан ;
Идеен концепт, сценарио, режија: Десанка Глигоријевиќ
Изведуваат:
Марика Поповиќ- модератор, мецо - сопран;
Андреј Наунов – пијанист;
Јане Дунимаглоски- тенор, труба и гитара;
~
Во своето богато портфолио групата ТРИАНГЛ предводена од Десанка Глигоријевиќ во период од 8 години (од своето постоење) има реализирано повеќе од 1200 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории.
Во декември 2020г. групата постана правен субјект, оформувајќи се како Здружение на граѓани за музичко сценски уметности ТРИАНГЛ ПУЛС Скопје.
Групата е составена од 4 – 7 професионални музичари со повеќегодишно искуство во својата дејност.
Визијата на Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС е: Делување преку различни пристапи кон музичката уметност кон сите целни групи.
Мисијата на Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС е: Доближување на музиката до сите целни групи на различни и иновативни уметнички пристапи.
Целите на проектите кои ги изведува Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС се во функција на развој и афирмација на музичката и на музичко-сценската уметност.
Сите детски проекти кои се реализираат претставуваат симбиоза на неколку типови на музички категории: детски музички концерт и детска музичка работилница, со што се овозможува образовен тематско-едукативен процес кај најмладата популација преку несекојдневен пристап - концерт или претстава.
Со проектите за деца кои ги изведува групата се врши едукација, афирмација на музичката култура во функција на запознавање и доближување на музичката култура кај најмладата популација (целна група 3-10 години) и секогаш драмското дејство е во функција на одредена тематика.Презентирањето на проектите е со стилска и жанровска разновидност, со мултимедијално претставување и користење на најсовремени технички можности на еден поинаков и иновативен, интерактивен пристап на презентација.