„ПЕСНИ И ЗВУЦИ ОД ЧУДНАТА ШУМА“ – ВИС „ТРКАЛЕЗНА МАСА“

Дома / „ПЕСНИ И ЗВУЦИ ОД ЧУДНАТА ШУМА“ – ВИС „ТРКАЛЕЗНА МАСА“
Loading Events
17
Јули
Петок

„ПЕСНИ И ЗВУЦИ ОД ЧУДНАТА ШУМА“ – ВИС „ТРКАЛЕЗНА МАСА“

Локација: Факултет за ликовни уметности - Сули ан
Цена: 100 денари

„ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа.Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума”.

Настапуваат:
Ана Голејшка Џикова – вокал
Ѓоко Здравески – вокал
Владимир Лукаш – гитара, мелодика
Васко Марковски – мандолина, мандола
Деан Шкартов – хармоника, сајзер
Душан Кировски – гитара
Перо Сарџоски – кавал, џембе
Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки
Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти
Круме Стефановски – кахон
Тома Димовски – деф

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот