ДЛУМ СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА

Дома / ДЛУМ СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА
Loading Events
20
Јули
Понеделник

ДЛУМ СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА

Локација: Уметнички Центар АРТ ХАБ , ГТЦ 2 кат, локал 306, Скопје
Цена: /

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.С.Македонија и град Скопје , во рамките на манифестацијата Скопско културано лето, ја поставува изложбата „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306, во Скопје.Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарот на уметност Марика Бочварова Плавевска која што во нејзиниот текст ќе истакне:„При сопствената селективност на ликовниот продукт за конкретнава изложба авторите се во ситуација неминовно да се концентрираат нe само на личниот континуитет, туку и на моќта да се подготват како вистински лауреати и скулптори што носат иновации гледани од различни дискурси. Анахроното без контекст треба да го потиснат или пак да се посветат на потенцирање на јасните индикации на идејните претпоставки врзани за актуелниот миг. Истовремено е пожелно да се одбегнува комерцијалниот аспект што е во функција на приходи, за да се отвори можноста на вклучување во презентацијата што ја маркира скулпторската продукција во изминатата година. Исчекорот е во корист на уметникот којшто треба да опстои на ликовната сцена во Македонија. Партиципација во промената е мошне стимулативна за секој автор без разлика на генерациската припадност.Намерата е да се потврди сјајот на овие изложби, со можност и на откривање на нови таленти и нивно активно учество во промените,бидејќи нивната доминатност се оние што отсуствуваат. Оттаму е неминовнода ги потсетиме на минатото. За среќа доајените на модерната скулптура особено после 1950 год. учесtвуваа на изложбите на ДЛУМ и го кренаа нивниот квалитет. Голем дел од нив подоцна станаа професори на Академијата за ликовни уметности во 1980 год. и беа заслужни за обучувањето на генерации што успешно ја продолжија и модифицираа нивната пластична креативна мисла инкорпорирана посебно на оние кои го оформија следниот професорски тим. Ова не случајно го евидентирам бидејќи несебичниот напор за воспоставување на нови кадри резултира и со една значајна скулпторска клима во која може да се почувствуваат богатите искуства на претходните генерации. При крајот на минатиот век, но ипретходно се забележува опаѓање на ентузијазмот, па оттаму наидуваме и на делумно реализирани релевантни пластични креации. Овие констатирани ситуации се само миг на стимулативност кај секој од оној што сака да учествува во изложувањето на рецентната продукција.Имајќи ги вопредвид дека модерната и постмодерната донесоа многубројни правилаво кои не е доминатен само тродимензионалниот објект, за кој најлесно се определуваат скулптуралните опции што го менуваат системот на дисциплината проширувајќи ги и нејзините карактеристики при освојувањето на просторните амбиенти. Теориите на модерната во своите крајни претпоставки ги систематизира спецификите на објектите со минималистички карактер, на инсталациите и на другите визуелно просторни алтернативи, со што постепено се најавуваат одлики на постмодернистичките појави. Тоа се базираше на претпоставената реинтерпретација на модернистичката скулптура во насока на обликување на предмети прифатени како „реторички фигури“ со благо прикриен симболизам, а произлезен логично и од ѕидните или подни структури, надополнето и со употребата на разновидни материјали.Наведените специфики се предизвик за нашите автори, но дали тие во вистинска смисла го потврдуваат ваквиот привид на сознанија и дали прават реални обиди да се допрат до овие инфлуенци? Битно е што конституираните карактеристики не беа далечни за пријавените тринаесет скулптори кои како да ја имаат намерата за воспоставување на своевиден ред во ликовниот поредок на визуелната игра, со интенција на откривање на нивната разноликост при детектирањето на ликовните пластички претстави со структурален предизвик и со проширен видокруг на скулптуралниот израз и употребата на материјалот. Четиринаесетиот партипициент на изложбата е нашиот значаен скулптор Боро Митриќески поради тоа што наградата го носи неговото име, за што е заслужна и неговата фамилија. Мојата улога на селектор ја нема онаа строга линија на маркирање на високите вредности. Тие во најголема мерка се испочитувани, но и со релативизирани остварувања во кои е можна од нивна страна да бидат корегирани. Моето долгогодишно искуство вели дека треба на скоро сите да им се даде можноста за презентации во било каква форма. Сепак треба да се „казни“ и моментот на непрофесионален однос и приложување на дела со дилетански остварувања, што сега го преминуваат овој праг и се со скоро изедначени скулторски изрази и ликовни вредности. Мојот текст повеќе поседува критичарски погледи, но има и интеција да ги потврди и вредносните кодови на еден ваков тип на презентација, што треба да се практикуваат и во идните изложби.Така повозрасните уметници повеќе се потпираат на сопствените децениски искуства. За нив како да постои одредена почит кон класичните скулптурални опции што е во функција на вклопување со уметнички предизвик, образложен како отфрлање на изолираноста на нивните креации во рамките на актуелните настани. Овој став важи и за помладите чии ликовни искуства се базираат не само на пренесените реторики, односно цитати на практиките на нивните професори, туку и на сопствените одлуки да ги превземат модернистичките манири на самиот медиум (од апстрактните конструкции, фигуративните аспекти, кинетичките пластички игри, нео инсталациските конципирани целини, употребата на ready-made итн., а во содржинска смисла и акцентирање на реакцијата на ковид 19.
Релативно новите импулси се почест знак на приложените дела, поврзани со појави што паралелно ги следат фигуративните или апстрактни искуства. Алтернативните тенденции се рефлектираат како стимулативен креативен миг битен во опусите на скулпторите што учествуваат во посакуваниот модел на конципирање наизложбата. Содржината на обмислените констелации придонесуваат постулатите на класичниот вајарскиот аспект да биде делумно потиснат, со цел да се извлече проширениот дискурс на значењата на делата.“На изложбата учество земаат: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, Боро Митричевски.На изложбата се доделува една парична награда од семејството на нашиот истакнат скулптор Боро Митриќевски која што го носи неговото име.Изложбата ќе биде поставена на 20.07.2020 година и ќе трае до 30.07. 2020 година. Изложбата поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до петок од 11 – 18 часот и во сабота од 10 – 15 часот.
Адреса на Галеријата: ГТЦ 2 кат, локал 306, Скопје