Концерт на „СТАРО КЛАСИЧНИ АРИИ” – Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано

Концерт на „СТАРО КЛАСИЧНИ АРИИ” – Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано
Александра Коцевска музичкото образование почнува да го изучува во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј”-Скопје, во класата по соло пеење на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а дипломира на ФМУ-Скопје во класата на проф. Благојче Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди.
По дипломирањето се вработува во ДМУЦ ” Сергеј Михајлов” -Штип , каде може да се каже дека е основоположник на класата по соло пеење. Во 2002 год. магистрира во класата на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска. Додека во 2006 год. својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” -Скопје. Како наставник по соло пеење бележи големи успеси со своите ученици на бројни натпревари и кои се школуваат во Австрија, Бугарија, Франција. Како истакнат педагог e често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011год. добива награда за повеќе годишна успешна работа во областа на уметничката педагогија од “Здружение на музички и балетски педагози на Република Македонија”. Од 2015год. се враќа на концертните подиуми. Следуваат концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев…..Тетово,Гевгелија,Кочани,Скопје,Куманово, Р.Бугарија на ”14ти Фестивал на искуствата” во салата на музејот на Борис Христов, 45ти Караманиови поетски средби. Но и често настапува во камерни состави по различни поводи (Денот на хармониката,Фестивал Златна лира..итн.) Од 2017год натапува и со Трио- Колегиум. Бележи и настапи во организација на Амбасадите на Р.Србија и Р.Полска.
Глигор Гелебешев (1969),своето музичко образование го започнува во родната Гевгелија,а основното и средно музичко образование го завршува во Скопје.Студира на Академијата за Уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ,а магистрира 1997 на ФМУ во Скопје.
За време на своето школување,добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и учесник на голем број концерти ,како и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство(Евгениј Тимакин,Икуко Ендо,Арбо Валдма,Владимир Крпан,Јокут Михаиловиќ и др.)
По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист ,но и како камерен музичар,соработувајќи со голем број истакнати музички уметници.
2001 година го формира пијано дуото со својата сопруга Катерина Гелебешева Костадиновска,со кое настапува во земјава и странство,имаат издадено две ЦД-а, настап со македонската филхармонија,како и остварено голем број трајни снимки за македонската радио телевизија.2021 година ,го издава својот прв соло носач на звук со дела на Ф.Шопен,С.Рахмањинов и сопствени дела.Освен на домашна сцена(речиси во сите градови во СРМ и на најзначајните фестивали: Охридско Лето ,Интерфест –Битола,ДММ-Скопје,Златна Лира-Скопје…),бележи и настапи во странство: Франција,Италија,Холандија,САД,Романија,Турција,Словенија,Хрватска,Грција,Босна и Херцеговина,Бугарија,Србија,Полска.
Како педагог,бележи голем број успеси со свои ученици на домашни и меѓународни натпревари и заради својата успешна работа како професор по пијано,честопати е поканет да биде член во жири,во земјава и странство(РСМакедонија,Србија,Бугарија и Полска).
Глигор Гелебешев веќе 30 години работи во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.