Промоција на книгата „КУТАР“

Дома / Промоција на книгата „КУТАР“
Loading Events
24
Јули
Петок

Промоција на книгата „КУТАР“

Локација: Тераса на Музејот на македонската борба
Цена: /

"КУТАР" – автор: Милан Н. Порјазов
промотор: Васил Тоциновски
ИЗДАВАЧ : Академски печат“Кутар е втор роман на Милан Н. Порјазов, дипломиран правник од Скопје. Како што навести во првото негово книжевно дело “Роман за Скопје“, авторот го напиша романот “Кутар“ за да предходно наредениот мозаик за душата на градот и духот на Скопјани го дополни со премрежината во животот и живеачката на неговите сограѓани.
Во своето ново дело авторот грижливо го следи и трајно го меморира блиското минато на градот Скопје, видено низ судбината на единката од една страна и општествената димензија на нејзиното опстојување од друга страна.
Настаните прикажани во романот изобилуваат со динамични и возбудливи пресврти. Преку наративаната форма во која доминира дијалогот, во романот се врзуваат и одврзуваат јазлите во кои се вплеткани Кутар и неговиот татко Матеј. Тоа е времето во кое алчноста за моќ и брзо богатење немилосрдно се нафрлува и ги гази човековите морални вредности и го разнебитува дотогаш создаденото општествено богатство.
Во такво време – невреме Кутар е во постојана битка со неправдата, омразата и злобата но и во потрага по вистинската љубов која конечно ја наоѓа кај убавата Светлана.
Преку едноставното и лесно раскажување авторот создал дело наменето за широката читателска публика. Тоа на читателот му овозможува, додека се дружи со суптилната примамливост на личностите и непредвидливоста на возбудливите настани, да ги оттргне мислите од тескобноста на сосема превртениот начин на живеење, предизвикан од пандемскиот смртоносен вирус.Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 11:30 часот