Театарска претстава „ОТЕЛО”- автор Вилијам Шекспир

Дома / Театарска претстава „ОТЕЛО”- автор Вилијам Шекспир
Loading Events
29
Јуни
Вторник

Театарска претстава „ОТЕЛО”- автор Вилијам Шекспир

Локација: Македонски Народен Театар
Цена: 300 денари

​Режисер:
Нина Николиќ

Автор:
Вилијам Шекспир​

Драматург:
Тамара Барачков​

Преведувачи:
Маја Трајаноска Ивановска и Зина Агиќ

Играат:
Енес Салковиќ
Саша Ханџиќ
Дарја Ризова
Ѓорѓи Јолевски
Златан Шкољиќ
Александар Ѓорѓиески
Џенана Џаниќ
Тамара Миличевиќ – Стилиќ
Александар Михајловски
Аксел Мехмед​

Сценограф:
Вишња Вујовиќ

Костимограф:
Ивана Каранфиловска Угуровска​​

Сценски движења:
Димитриос Сотириу

Дизајнер на светло:
Крис Јегер

Композитор:
Дуке Бојаџиев​​

Дизајнер на плакат:
Ника Гавровска

Инспициент:
Игда Јариќ​

Асистент дизајнер на светло:
Игор Митревски

ОТЕЛО – Збор на драматургот

Третманот на класиката во современите театарски пракси отвора простор за истражување на начинот на претставување на текстот на сцена, но и испитување, во
контекст на овдешните прилики на клучните мотиви и проблеми со кои се занимава драмата.
Ова читање на Отело е карактеристично поради радикалниот пристап кон шекспировиот јазик и стил, што е можеби најочигледната интервенција на текстот. Имавме за цел да истражиме на кој начин и во која мера трансформацијата на јазикот и „преведувањето“ во современ говор може да влијае не само на изворниот шекспиров ракопис, туку и на прашањата кои ги нуди драмата. Така, јазикот стана оголен, директен и лишен од поетичноста, со што се акцентирани и нагласени и денес
актуелни теми. Сепак, во одредена мера, поетичноста е задржана само во начинот на говор на Отело, што претставува уште една негова дистинкција, детаљ кој го одвојува овој лик од другите. Исто така, со постапката македонските и босанските глумци да ги играат улогите секој на својот мајчин јазик, додатно се развива поигрувањето со говорот како и прашањето на комуникација и меѓусебно разбирање.
Јаго во оваа претстава не е олицетворение на злото туку човек со слабости, несреќен и несигурен, можеби и несвесен дека една интрига и ситна пакост, која ја прави поради одмазда, ќе покрене ланец на крвави, трагични настани. Во таа смисла, немавме за цел ниту самиот Отело да го ослободиме од вина и одговорност за убиството, ниту да ги прикажеме неговите дела и однесување исклучиво како последица на сплетките и
лагите на Јаго. Низ приказната за љубомората и стравот од неверство, се проблематизира односот кон жените кој го препознаваме и во денешното традиционално патријархално општество.