Концерт на групата „БАКЛАВА“ – „ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ“

Дома / Концерт на групата „БАКЛАВА“ – „ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ“
Loading Events
23
Јули
Сабота

Концерт на групата „БАКЛАВА“ – „ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ“

Локација: Факултет за ликовна уметност - Сули ан
Цена: /

Елена Христова  ( Елена Баклава ) е пеач, музичар, композитор, истражувач и документрист. Позната е како творец и изведувач во својот матичен бенд Баклава, но и по многубројните проекти како член на бендот Баба Зула од Турција, бендот Бекјард Џез оркестра, коавтор на проектот Биоскопија со Горан Трајкоски и соработник во многу проекти и бендови како во Македонија и Турција кои се нејзини живеалишта, така и ширум светот. 

За Скопје со љубов е музичка разгледница во која таа ги опејува убавините и ги раскажува приказните на својот роден град Скопје. На сцената на  (Сули ан- Куршумли ан), таа ќе изведе компллетно нови песни посветени на градот Скопје и низ приказни и фотографии ќе го сведочи нивното создавање.