Концерт на квартет флејти „АУЛОС“

Дома / Концерт на квартет флејти „АУЛОС“
Loading Events
20
Јули
Среда

Концерт на квартет флејти „АУЛОС“

Локација: Национална галерија - Даут пашин амам
Цена: /

Квартетот флејти „Аулос“ е присутен на македонската сцена речиси 14 години. Низ годините составот на ансамблот се менува, а го сочинуваат дипломирани флејтисти или студенти од класата на реномираниот професор по флејта Страшо Темков. Моментално дел од квартетот „Аулос“ се четири млади флејтисти: Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева, Ангела Димковска и Александар Лолески, кои ја претставуваат новата генерација на квартетот. 

За време на своето постоење ансамблот има постигнато значајни резултати како: прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Скопје, 2008 година; прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Ваљево, Србија, 2009 година како и многубројни концерти: концерт во Радовиш во рамките на манифестацијата „Град на култура“; концерт во Кавадарци во рамките на манифестацијата „Град на култура“; концерт во Гевгелија 2009; концерт во Софија, Бугарија во рамките на Меѓународната соработка со Р. Македонија и во рамките на „ Ден на Софија“, 2010; концерт во Даут Пашин Амам во Скопје, 2012; концерт во Лесковац, Р. Србија, 2012; настап на Манифестацијата „Денови на Македонска музика“ во Скопје, април 2013; концерт во Белград на манифестацијата „Калемегдански сутони“ како соработка меѓу Музичка младина на Македонија и Музичка младина на Србија, јули 2013.; настап на отворањето на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, август 2013; концерт во Струмица по повод отворање на Семинар по флејта, труба и хорна, август 2013; концерт во Кочани, 2013; настап на концерт за француска музика, ФМУ, Скопје 2013; концерт во Тетово, 2014; настап и промоција во Лешок, Тетово 2014; концерт во Музеј на македонската борба во Скопје 2014, концерт како дел од манифестацијата Скопско Лето, 2015; концерт на Денови на кочански ориз, Кочани, 2015; концерт во Струмица, 2018; концерт во Музеј на град Скопје по повод 10 години концертна дејност на квартетот, 2018; концерт на Музичката академија во Загреб, 2019; концерт во Музеј на македонската борба во Скопје, 2019; едукативен проект „Скопје гради музика 3“(онлајн) октомври 2020.

Концертната дејност на квартетот „Аулос“ продолжува па така во изминатата година реализираа концерти во Михајлово, Кавадарци за време на Летниот музички камп по флејта, хорна и труба, концерт во ОМУ„Боро Џони“ Струмица, НУЦК„Трајко Прокопиев“ Куманово, Музејот на македонската борба во Скопје и концерт во рамките на манифестацијата Денови на европско Скопје во организација на Дирекција за култура и уметност-Скопје.

Квартетот „Аулос“ се ексклузивци на Музичка младина на Македонија, преку што бележат и уште многу значајни концерти.