За нас
Дирекција за култура и уметност на Скопје

Дирекцијата за култура и уметност својот интерес го насочува кон сите области на творештвото: музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната уметност, негувајќи ги преку сите достапни форми: концерти, претстави, издаваштво, изложби, семинари, работилници, мултимедијални презентации. Во оваа смисла, покрај наброените програми преку кои е претставено творештвото на домашните и странските автори, во портфолиото на Дирекцијата останува забележана сопствената продукција на драмски и балетски претстави, изложби на врвни домашни автори,издадени книги, носачи на звук и видео.
Нејзината виталност се должи на постојаното прилагодување на актуелните услови со што таа секогаш се наоѓа во центарот на културните настани со основна функција да го негува, афирмира, презентира и стимулира домашното духовно творештво во постојана комуникација со светските збиднувања.
Изминатите пет и пол децении се исполнети со илјадници програми, десетици илјади учесници, стотици илјади посетители, но бројките и статистиката не мора секогаш да ја изразуваат суштината кога станува збор за остварувањата во творештвото и уметноста Затоа бројки се заменети со фактот на континуираното активно постоење, постојананата присутност меѓу уметниците и публиката.